Лионел Меси погоди од слободен удар, Интер Мајами победи со пресврт (Видео)

По три нерешени средби во низа, фудбалерите на Интер Мајами конечно успеаја да победат и тоа со пресврт. Лионел Меси со соиграчите имаа водство од 0-1 на гостувањето кај Њујорк по само три минути игра, но домашните направија пресврт.

Сепак, Аргентинецот во 61-вата минута погоди директно од слободен удар и израмни на 2-2, а со тоа го најави и комплетниот пресврт.

Меси биеше по земја, се чинеше дека ударот е преблаг, но на многумина не им е јасно што правеше голманот во оваа ситуација, кој се најде изненаден и совладан. За Меси ова беше 901-виот гол во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести