Лионел Меси по заминувањето од ПСЖ, веќе втора година настапува во американската МЛС-лига за екипата на Интер Мајами. Сепак, пред да се пресели во САД, долго се шпекулираше дека негова следна дестинација ќе биде Саудиска Арабија, но Аргентинецот одлучи дека Мајами е вистинското место за него и за неговото семејство.
Сепак, евентуалниот трансфер на Блискиот Исток повторно се актуализира, а според шпекулациите, Ал-Хилал му нудил побогат договор дури и од оној што го има Кристијано Роналдо во Ал-Наср.
Останува фудбалерот да одлучи дали ќе го промени континентот и ќе се пресели во Саудиска Арабија, иако во моментов е малку веројатно дека тоа ќе се случи. САД ќе биде еден од домаќините на Светското првенство следната година, а планот на Меси е да настапи на Мундијалот и да се обиде со Аргентина да го одбрани трофејот.
Летово во САД ќе се одржува и Светското клупско првенство на кое ќе настапи и Интер Мајами, а договорот на Аргентинецот со екипата од МЛС-лигата истекува на 31 декември оваа година.