Аргентинскиот дефанзивец Лисандро Мартинес ќе мора да оди на операција на стапалото и тоа ќе значи отсуство од барем три месеци.
Ова е лоша вест за Манчестер јунајтед. Неиграњето на Лисандро ќе значи поголема минутажа за Хари Мегваер.
Лисандро истото стапало го повреди и пролетоска на меч против Севилја. Паузираше 11 недели, се врати во претсезоната, ги одигра и првите четири меча во Премиер лигата сезонава. Но, истото стапало го повреди во поразопт од Арсенал. Потоа земал лекови против болки за да игра потив Брајтон и Баерн, но тестовите покажале дека фрактурата не е зарасната како што треба и сега мора да оди на операција со надеж дека проблемот ќе се реши засекогаш.