15.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Лисици и Лилјаци се ударен тандем за добивки, Волчицата ќе биде скротена во Рим

1002 Лестер – Лидс (Премиерлига, Англија, 13.30 часот)

Американецот Џеси Марш ќе дебитира на клупата на Лидс и во Премиерлигата, откако го замени Марсело Биелса, кој доби отказ поради лошите резултати на тимот од Јоркшир.

Лидс е во хаос, му се заканува и испаѓање, а голем проблем е неиграњето на Бамфорд, Филипс и Купер, а им се приклучи и Љоренте.

Главниот проблем им е што имаат скромен среден ред, а и нападот е јалов, плус и тимот прими најголем број на голови во Премиерлигата, точно 60 на 26 меча.

Марш ќе има многу работа, а стабилизирањето на тимот не може да се случи преку ноќ.

Лестер конечно дочека да се врати капитенот Џејми Варди, ко е икона на клубот. Најопасната Лисица веднаш даде гол на првиот меч што го одигра за Лестер во 2022 година и со него тимот има поинаков лик.

Предлог тип: 1 (1.87)

 

1802 Баерн – Баер Леверкузен (Бундеслига, Германија, 15.30 часот)

Баер Леверкузен и буквално страда кога игра со најтрофејниот клуб во Германија и има црна серија од 11 порази по ред во меѓусебните дуели.

Ако се додадат и нерешените резултати ефектот е поразителен со 15 меча во низа без победа против Баерн.

Последен пат Фармацевтите имаа лек за Баерн во 2015 година кога на домашен терен победија со 2:0.

Баерн се бори за одбрана на титулата и има добри 8 бода предност пред Борусија Дортмунд.

Ќе мора да мислат и на реваншот со Салцбург во Лигата на шампионите што ќе се игра на 8. март.

Гостите од Леверкузен се на третото место и тоа ги води во Лигата на шампионите, но против Баерн имаат веќе и комплекс, па типуваме дека нема да ја прекинат серијата од 11 порази по ред.

Предлог тип: 1&3+ (1.66)

 

1604 Валенсија – Гранада (Ла Лига, Шпанија, 18.30 часот)

Валенсија никогаш не загубила од Гранада на својата „Месталја“, а билансот им е 8 победи и смо едно реми.

Лилјаците пред три дена потсетија на старите добри времиња, кога беа меѓу најдобрите екипи во Европа, а величенствената атмосфера на „Месталја“ им даде крилја да го победат Атлетик Билбао со 1:0 и да се пласираат во финалето на шпанскиот куп.

Сега се надеваат дека ќе имаат доволно енергија да ја надиграат и скромната екипа на Гранада и да врзат три победи по ред по подолг период.

Духот на Месталја пак ќе ги води кон триумф со кој ќе си го запечатат опстанокот во Ла Лига и ќе можат поспокојно да мислат на финалето во Копа Дел Реј против Бетис во Севилја, закажано за 23. април.

Предлог тип: 1 (1.95) Супер тип на Sport Life

 

1703 Ница – ПСЖ (Лига 1, Франција, 21 часот)

Ница нема победа против ПСЖ во регуларен дел на мечот на последните 9 дуели со лидерот во Франција, но сега има убава шанса да го изненади фаворитот.

Парижани мислат на реваншот со Реал Мадрид што ќе се игра во среда на 9. март. Тоа е мечот на сезоната за ПСЖ, а предноста пред гостувањето на „Сантијаго Бернабеу“ е 1:0 со голот на Мбапе во самиот финиш.

Токму Мбапе, но и уште неколку стандардни фудбалери на ПСЖ нема да играат против Ница, па растат шансите на домаќините за подвиг.

ПСЖ има и голема предност од 15 бода пред вторпласираниот Марсеј и 16 пред Ница, па титулата вече им е в џеб.

Ница е осоколена од пласманот во финалето на францускиот куп, но ќе сака да остане непоразена за да ја задржи позицијата што води во Лигата на шампионите.

Овде мириса на „нула“, но ќе одиграме дека Ница има шанси и да победи.

Предлог тип: 1Х (1.94)

 

3003 Рома – Аталанта (Серија А, Италија, 18 часот)

Аталанта имаше одлична серија од 7 меча без пораз против Рома, но Волчицата ја сопре на брилијантен начин со победа од 4:1 во Бергамо во првиот дел од сезоната.

Сега Ла Деа сака реванш и триумф што би ги оставил и во трката за титулата и за позиција што води во Лигата на шампионите.

Проблем за гостите е што ќе бидат отсутни два многу важни играчи, репрезентативецот на Италија, Толои поради жолти картони и на Колумбија, Дуван Запата, кој е повреден.

Замени има, па Гасперини како и секогаш ќе нареди офанзива на „Олимпико“ што според нас Рома и специјалистот за дефанзива Мурињо тешко ќе ја сопрат.

Предлог тип: 2 (2.70)

 

- Оглас -

Најнови вести