1146 Лестер – Манчестер јунајтед (Премиер лига, Англија, 21 часот)
Кога се среќаваат екипите на Лестер и Манчестер јунајтед, во последно време гледаме голем број погодоци, а се надеваме дека така ќе биде и вечерва.
На последните пет средби паѓаат во просек по 3,8 погодоци, а ваквата серија ја руши само последниот меч којшто заврши 1:1.
Лисиците немаат победа во Премиер лигата во оваа сезона и доколку загубат вечерва, тренерот Брендан Роџерс со сигурност ќе добие отказ. Манчестер, пак, по катастрофалниот почеток на сезоната, конечно ја крена формата на потребното ниво и се чини дека влегува во битка за една од топ четири позициите.
Предлог тип: ГГ&3+ (1.86)
3664 Аталанта – Торино (Серија А, Италија, 20:45 часот)
Идентично како и првата средба од денешните Типстерски совети, така и тука очекуваме голем број погодоци.
Барем така вели блиската историја кога ќе се соочат Аталанта и Торино, каде што во просек гледаме точно по шест погодоци по меч. Сепак, нè е реално да очекуваме такво нешто и вечерва, но би било доволно ако видиме четири гола.
Квотата во Sport Life za 4+ навистина е одлична и изнесува 2.70.
Предлог тип: 4+ (2.70)
1632 АЗ Алкмар – НЕЦ Најмехен (Ередивизие, Холандија, 20:00 часот)
Домашниот тим во последно време игра фантастично пред своите навивачи.
На последните 10 натпревари на „АФАС стадиум“ во Алкмар имаат девет победи на последните средби, зелен скор којшто се надеваат дека ќе го продолжат и против НЕЦ.
АЗ има максимален учинок од три средби и исто толку победи во Ередивизие, но и покрај тоа, се наоѓа само на делба на третото место поради фактот што има послаба гол-разлика од великанот ПСВ, додека Ајакс има четири одиграни средби и исто толку победи.
Амбициите на АЗ Алкмар оваа сезона исто така се високи и не е реално да се очекува борба за титулата, но борбата за третото место е реална, а најголем конкурент ќе им биде Феенорд.
Предлог тип: 1 (1.51)
1656 Андерлехт – Гент (Дивизија 1 Белгија, 20:30 часот)
Средбите од белгиската најсилна лига редовно ни носат голем број погодоци. Но, кога ќе се соочат екипите на Андерлехт и Гент, случајот е сосема спротивен.
Во последните година и пол овие две екипи се имаат сретнато петпати и имаме видено само три погодоци.
„Најефикасна“ беше средбата од пред помалку од една година, каде што видовме два погодока (1:1).
Предлог тип: 0-2 (2.02)
1640 Телстар – Де Графшап (Ерстедивизие, Холандија, 20:00 часот)
„Петката“ од денешни предлози ја заокружуваме со мечот од втората холандска лига. Голеадата е загарантирана кога играат овие две екипи, а квотите за такво нешто во Sport Life се фантастични.
Блиската историја ни вели дека ќе видиме најмалку еден гол во првото полувреме, односно три во текот на целата средба.
Телстар дома сезонава игра во просек со по четири гола на меч и има гол-разлика од два дадени и шест примени, додека Де Графшап на два одиграни гостински меча има во просек од 4,5 погодоци по меч.
Предлог тип: 1+I&3+ (1.89)