Лестер обезбеди победа од 2:0 против Рен во првиот меч од осминафиналето на Конференциската лига.
Стрелци на головите беа Марк Албрајтон во 34-тата минута и Келехи Ихеначо во последните секунди, со што некогашниот првак на Англија ќе има убава предност пред реваншот во Франција.
Најинтересно и најефикасно беше на средбата меѓу ПСВ и Копенхаген, каде што гостите славеа со 3:4 откако по првиот дел имаа предност од 1:3.
Исак Јоханесон (6′), Пеп Бил (23′) и Лукас Лерагер (43′) донесоа голема радост за данскиот првак, додека Коди Гакпо во 21-вата погоди за ПСВ.
Тимот од Ајндховен успеа да се врати и со головите на Ритсу Доан во 50-тата и вториот гол на Гакпо во 70-тата минута израмнија на 3:3.
Сепак, нова радост за Копенхаген донесе Бил со вториот гол, а конечниот резултат беше дело на Еран Захави на пет минути до крајот.
КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА
Бодо/Глимт – Аз Алкмар 2:1
Лестер – Рен 2:0
Олимпик Марсеј – Базел 2:1
ПСВ – Копенхаген 4:4