11.8 C
Skopje
вторник, 11 ноември 2025

Листата на повредени кај Реал драматично расте, Рамос се скарал со Перес?

Дани Карвахал и Лукас Васкес ќе паузираат по еден месец и тоа е најновата лоша вест од лекарскиот тим на Реал Мадрид откако се утврди дека младиот бразилец Винисиус нема да може да игра барем во следните два месеца.

Винисиус и Васкес се повредија во првото полувреме на мечот со Ајакс, а Карвахал го доигра дуелот, но и тој се здобил со непријатна повреда на мускул во ногата. Тие нема да играат до крајот на март, до кога Реал ќе има три меча од лигата.

Сега како десен бек ќе мора да игра Одриозола, кој во 2019 година одигра 450 минути. На местото на Васкес треба да биде Бејл, но и Велшанецот има повреда. Денеска не тренирале и Регилон и Кејлор Навас.

Шпанските медиуми пишуваат и за наводна кавга помеѓу претседателот и капитенот, која се случила по средбата со Ајакс. Флорентино Перес по срамниот пораз и однос кон белиот дрес, ги критикувал фудбалерите за недоволно залагање и претеран број слободни денови. Серхио Рамос му реплицирал на првиот човек дека тој и бордот на директори се виновни за слабите резултати и му се обратил со зборовите: „Дај ми пари и ќе си одам“. Потоа Рамос му рекол на Перес дека за овој клуб играл и со скршен нос и тоа треба да го цени.

По посетата на соблекувалната, Перес замина на состанок, кој траел до раните утрински часови и се разгледувале опциите за нов тренер и играчи. Реал летово ќе прави голема реконструкција. На излезна врата се Бејл, Иско, Марсело и Бензема, одлучено е да им се даде уште една шанса на Асенсио, Крос, Варан и Одриозола, а ќе се донесат двајца централни дефанзивци (еден ќе биде Милитао од Порто), лев бек, двајца играчи за врска и класичен напаѓач.

- Оглас -

Најнови вести