Поразот на Данил Медведев од Американецот Корда дополнително ги зголемува шансите на Новак Ѓоковиќ за титула на Отвореното првенство на Австралија и се чини дека само повредата на задниот дел на бутниот мускул може да го спречи Србинот на патот кон десетта титула во Мелбурн, а 22-ра на гренслем-турнирите.
Од тие што останаа во игра, во Sport Life може да се обложите на 11-мина тенисери. Прв фаворит е Ѓоковиќ со квота 1.85. Утре во 9 часот, Новак игра меч од третото коло против Бугаринот Григор Димитров. Ѓоковиќ не тренира меѓу два меча, ја штеди ногата, а игра со болки, но засега добро му оди.
По Ѓоковиќ, главни кандидати за титула се Циципас и Руне, а по триумфот над Медведев, падна и квотата на Корда.