Лицето на Меси во соблекувалната после дебаклот, кажува многу (Фото)

Со спуштена глава и замислено лице, гледајќи во една точка, Лионел Меси во соблекувалната на Барселона се прашува каде ли ја утнаа работата, и дали тие се толку слаби во одбрана или немаа проценка за силата на Баерн. Баварците ја уништија Барселона со 8-2, пораз кој ќе се памети уште многу години, и пораз кој веројатно ќе донесе доста промени во Барса.

Една од големите промени може да биде и заминување на Меси, а ако Аргентинецот реши да не се пензионира во каталонскиот гигант, тогаш прв во редот за негово ангажирање е Интер. После вакви порази се носат драстични одлуки, а дали и Меси ќе одлучи да си замине, ќе покаже времето, но според изразот на лицето, таа мисла сигурно вечерва му минува низ глава.

- Оглас -

Најнови вести