20.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Литванец го собори најдолговечниот светски рекорд во машката атлетика

Литванскиот атлетичар Миколас Алекна го собори најдолговечниот светски рекорд во машката атлетика, кој датираше од 1986 година, односно рекорд кој беше постар дури 16 години од новиот рекордер. Се работи за светскиот рекорд во фрлање диск, кој беше во сопственост на Германецот Јирген Шулт, а сега е подобрен за 27 сантиметри и изнесува 74.35 метри.

Семејството Алекна сега е сопственик на два од трите највредни резултати во оваа дисциплина, со оглед на тоа дека Миколас е син на легендарниот Виргилиус Алекна, кој во својата кариера дискот најдалеку го фрли на 73.88 метри, а освои и две олимписки злата.

Нема сомнение дека семејството Алекна ќе атакува на третото злато на Олимпијадата во Париз бидејќи Миколас со овој резултат ќе биде прв фаворит за победа.

- Оглас -

Најнови вести