Литвански новинари се жалат на стариот паркет во „Кале“, Куртинаитис вели не е важно

Македонската машка кошаркарска репрезентација вечерва од 18 часот ја пречекува Литванија во дуел од квалификациите за Евробаскетот 2025, а во Скопје дојдоа и литвански новинари, кои не се воодушевени од условите во салата СРЦ „Кале“.

За разлика од нив, литванскиот селектор Римас Куртинаитис нема забелешки, а тоа му го кажал и на претставникот на ФИБА.

„Литванците ќе играат со Македонците во стара сала во градот Скопје, која е со капацитет од 2,25 илјади и обично домашните се страсно поддржани од локалните навивачи. Салата не наликува на оние што ги гледаме во литванската лига, на пример, паркетот очигледно одамна не е сменет“, пишува на порталот Basketnews.lt.

Селекторот Куртинаитис има поинаков став.

„Разговарав со претставникот на ФИБА. Му реков дека не ни е важно, ни требаат топки, кошеви и обрачи. Добра арена, лоша арена, топло, ладно, не е важно. Не дојдовме да уживаме во глетката, туку да играме и да победиме. Приоритетот ни е да се пласираме на ЕП. Сите други надворешни фактори не влијаат на мене“, изјави стратегот.

- Оглас -

Најнови вести