Напаѓачот на Хајдук, Марко Ливаја, куртули од исклучување по недозволениот старт со лакт во воздушен дуел со Даниел Лончар.
Играчот на Осиек објави фотографија од повредата на окото кое е комплетно затворено и со огромен подлив.
Ливаја доби само жолт картон за грубиот старт, а нема да игра против Шибеник на следниот дуел во хрватското првенство.