Голманот на хрватската репрезентација, Доминик Ливаковиќ, ја напушта Турција и кариерата ја продолжува во Шпанија. Жирона успеа да го обезбеди на едногодишна позајмица откако Фенербахче даде зелено светло за негово заминување.
Жирона, која само пред два дена се раздели со Бојан Миовски, ја отвори новата сезона во Ла Лига на најлош можен начин, по три кола остана без освоен бод.
Ливаковиќ своите први чекори ги направи во НК Загреб, а потоа остави длабока трага во Динамо со 207 настапи, пред да се пресели во Фенербахче во 2023 година. На 29 години тој е еден од столбовите на хрватската селекција, со веќе 62 одиграни натпревари во националниот дрес.