Ливерпул и Манчестер сити одиграа одлично второ полувреме со четири гола за реми 2:2 во дербито од седмото коло во Премиер лигата.
Домаќините двапати водеа, но не успеаја да го победат актуелниот шампион и да станат нови лидери во англиското првенство.
Блескаше Мохамед Салах, најдобриот стрелец на Ливерпул и колидер на листата со најдобри стрелци во Премиер лигата, заедно со Џејми Варди.
Салах постигна велемајсторски гол во 76-тата минута, кога ја издрибла комплетната одбрана на шампионот и од тешка позиција ја смести топката во мрежета на Едерсон за предност на Ливерпул од 2:1.
Mo Salah with the goal of the season.
WOW
— CF Comps (@CF_Comps) October 3, 2021
Сепак, Ливерпул не успеа да победи, иако двапати водеше, а заслужен за освоениот бод на Манчестер сити е Кевин де Бројне, кој израмни на 2:2 во 81-вата минута.
https://twitter.com/BreathKanye21/status/1444711868162101251?s=20
Африканската врска во Ливерпул, Мохамед Салах и Садио Мане одлично фиункционираа во второто полувреме, а нивна е заслугата за првиот гол на дербито.
Салах мајсторски му асистираше на Мане во 59-тата минута, а Сенегалецот го постигна 99-тиот гол во дресот на Ливерпул.
https://twitter.com/Reds_ENG/status/1444706604536958984?s=20
Израмни Фил Фоден со гол во 69-тата минута, во тој момент за 1:1, па следуваа и головите на Салах и на Де Бројне за нерешен резултат 2:2.
Foden another goal at Anfield, his finishing is sublime. https://t.co/8OlkKVV7Ft
— π (@Leroyology) October 3, 2021
Ливерпул сега е на второто место со 15 бода од 7 меча во Премиер лигата, зад лидерот Челзи со 16 бода. Манчестер сити има 14 бода на третото место, а ист број бодови имаат и Манчестер јунајтед, Евертон и Брајтон.