1011 Шефилд јунајтед – Квинс парк ренџерс (Чемпионшип, Англија, 20.45 часот)
И двете екипи имаат прволигашко искуство и се надеваат на промоција во Премиер лигата, а шанса бараат преку плејофот, ако успеат да бидат меѓу првите шест екипи во Чемпионшип.
Шефилд е на осмата позиција со 61 бод и ако победи ќе ги мине и Мидлсборо и Блекбурн и ќе биде во плејоф-зоната.
КПР е веднаш зад нив со 59 бода и малку помали шанси за настап во плејофот, но ако успеат да изненадат денеска на „Брамал лејн“, ќе бидат во добра позиција.
На последните 7 меѓусебни дуели на овие две екипи нема нерешен резултат, па можеби сега е време да се прекине серијата.
Мечот е исклучително важен и уште поважно е да не се загуби, па ќе типуваме на реми.
Предлог тип: Х (3.90)
1014 Питерборо – Лутон (Чемпионшип, Англија, 20.45 часот)
Лутон е меѓу постарите клубови во Англија со 136-годишна фудбалска традиција и златна ера во минатиот век од 1982 до 1992 година, кога беа членови на елитната Англиска лига.
Имаат и еден трофеј во Лига купот на својата земја, освоен на „Вембли“ во Лондон пред 96 илјади гледачи во април 1988 година, со победа од 3:2 против Арсенал.
Сега се надеваат на камбек во Премиер лигата, а имаат шанси, но според моментната ситуација на табелата, веројатно ќе мора тоа да го направат преку плејофот.
Лутон е на четвртото место со 64 бода, зад Фулам со 80, Борнмут со 72 и Хадерсфилд со 66.
Првите две екипи одат директно во Премиер лигата, а од третото до шестото место ќе играат плејоф за уште еден билет за елитата.
Питерборо е последен со 26 бода, 8 помалку од Ридинг, кој е првиот тим над опасната зона.
Домаќините немаат избор освен да атакуваат на трите бода, но Лутон е поквалитетна екипа и ќе победи.
Предлог тип: 2 (1.90)
6001 Манчестер сити – Атлетико Мадрид (Лига на шампиони, четвртфинале, 21 часот)
Манчестер сити и Атлетико Мадрид за првпат ќе играат меѓу себе во европските купови, а вечерва го почнуваат четвртфиналниот двомеч во Лигата на шампионите.
Се очекува интересна битка на терен, но и голем дуел на двајца извонредни стратези: Пеп Гвардиола, кој ќе се обиде да го доведе Сити до првата европска титула и Чолло Симеоне, кој има исти амбиции со Атлетико.
Сити лани со Гвардиола на клупата загуби во англиското финале во ЛШ од Челзи, а Атлетико со Симеоне како кормилар има три загубени финалиња и Јорганџиите се екипата со најмногу порази во меч за европска титула од клубовите што сè уште не му се радувале на вредниот пехар.
Сити е фаворит, но проблем за нив е што нема да игра Рубен Дијас, еден од најдобрите стопери на светот.
Кај гостите ќе ги нема Караско, Хименес и Ерера, а Симеоне има силни офанзивни адути.
Луис Суарес, Антоан Гризман, Жоао Феликс и Томас Лемар се екстра квалитетни напаѓачи и Атлетико може да ми даде гол на Сити.
Предлог тип: Т2 1-3 гола (1.84)
6002 Бенфика – Ливерпул (Лига на шампиони, четвртфинале, 21 часот)
Бенфика и Ливерпул знаат како се освојува трофејот во најсилното европско клупско натпреварување и заедно имаат 8 пехари од Купот на европските шампиони, или како што сега се нарекува Лигата на шампионите.
Црвените од „Енфилд“ се на делба на третото место на вечната листа со шест европски круни, заедно со Баерн Минхен, а само зад Реал Мадрид со 13 пехари и Милан со 7.
Бенфика има две титули, но сега е аутсајдер против потрофејниот клуб. Ливерпул е во неверојатна форма само со еден пораз на 21 меч во 2022 година.
Јирген Клоп создаде една од најмоќните фудбалски машини во Европа.
Ливерпул има и подобар меѓусебен биланс со шест победи и четири порази против Бенфика.
Интересно е што сè уште немаат одиграно нерешено, а реми нема да има и овојпат на Стадионот на светлината и на „Луж“ во Лисабон ќе победат гостите од Англија.
Предлог тип: 2 (1.45)
1015 Ридинг – Стоук (Чемпионшип, Англија, 21 часот)
Ридинг очекуваше многу подобра сезона откако лани заврши на фаталното седмо место, односно веднаш зад екипите што играат плејоф за пласман во Премиер лигата.
Сега се борат за опстанок и се на една позиција над опасната зона, но со добри шанси да продолжат да играат во Чемпионшип.
Стоук сè уште се надева на чудо и пробив меѓу шесте најдобри екипи, од кои четири ќе играат баражи за пласман во Премиер лигата.
Изгледите им се минимални бидејќи се на 14-тото место и имаат 10 бода помалку од Блекбурн, кој е на шестата позиција, а до крајот на сезоната има уште 7 кола.
На Ридинг му одговата и реми, Стоук знае да одигра цврсто, а интересна е и статистиката во меѓусебните дуели.
На последните 7, дури петпати било нерешено и ќе типуваме дека повторно ќе нема победник на меч меѓу Ридинг и Стоук.
Предлог тип: Х (3.15)