36.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

Ливерпул 30 години беше без титула во Премиерлига, 14 без ЛШ, 16 без ФА куп, а Клоп ги смени работите

Јирген Клоп е еден од најдобрите фудбалски тренери на денешницата, а тоа што го прави со Ливерпул е феноменално.

Клоп стана вториот тренер во историјата после Алекс Фергусон од Манчестер јунајтед, кој ги освоил сите трофеи кои може да ги освои еден англиски клуб, со еден ист клуб. Ливерпул сезонава може да направи подвиг каков што никој не направил досега, но ќе треба да ги освои уште Премиерлигата и Лигата на шампионите, што нема да биде лесно.

Што и да се случи, Ливерпул е еден од најдобрите тимови на светот, а голема заслуга за тоа има и Клоп.

Ливерпул чекаше 30 години за титула во Премиерлигата, 16 години за ФА купот, по 14 години за Лигата на шампионите и европскиот Суперкуп, десет години немаа Лига куп, а никогаш немаа освоено Светско клупско првенство. Сите овие лоши серии ги запре Ливерпул со Клоп на клупата.

- Оглас -

Најнови вести