Жолтата подморница ќе плови мирно едно полувреме, потоа следува фронтален напад на Ливерпул

3001 Фиорентина – Удинезе (Серија А, Италија, 18 часот)

Фиорентина игра многу важен меч и мора да победи ако сака да се пробие во еврозоната и идната сезона да игра во Лигата на Европа или во Конференциската лига на УЕФА.

Виолетовите имаат голема шанса да ги прескокнат двата клуба од Рим, Лацио и Рома, и да бидат на петтото место на четири кола до крајот на првенството.

Победата не смее да се доведе во прашање бидејќи Фиорентина има многу тежок распоред и треба да игра со Милан, Рома, Сампдорија и Јувентус во последните четири кола.

Удинезе е релаксиран и не може да испадне, но и доцна им е да се борат за Европа. Зебрите играат многу солидно и имаат добар тим, па знаат да бидат незгоден ривал.

Но, против Фиорентина се немоќни веќе шест години и немаат победа на последните 12 меѓусебни дуели. Типуваме дека и денеска ќе загубат.

Предлог тип: 1 (1.73)

 

3002 Аталанта -Торино (Серија А, Италија, 20.15 часот)

Кога играат Аталанта и Торино, редовно има многу голови, а на последните пет имаше и седумки, две шестки и една петка, а редовно паѓаа најмалку три гола.

Аталанта сè уште има шанса повторно да игра во еврокуповите и ќе биде најмалку на седмото место, но има и добар распоред до крајот на сезоната и само еден тежок меч, против Милан.

Торино нанижа четири меча без пораз, но за Биковите веќе е доцна за да го фатат европскиот воз.

Пред две години, во екот на ковид-кризата загубија со 0:7 од Аталанта, што им е најтежок пораз на домашен терен во богатата клупска историја.

И сега се аутсајдери, но можат да бидат опасни, па ќе типуваме дека ќе има најмалку 3 гола.

Предлог тип: 3+ (1.75)

 

1607 Штурм – Салцбург (Бундеслига, Австрија, 18.30 часот)

Салцбург веќе е нов првак на Австрија и има недостижна предност, а Штурм е многу блиску до освојување на вицешампионската круна, што ќе значи настап во Лигата на шампионите.

Биковите апсолутно доминираат во Австрија и веќе нанижаа 9 шампионски круни по ред, а од вкупно 16, дури 13 им се во овој милениум.

Штурм е едно од големите имиња на австрискиот фудбал, но има само три титули, последната од пред 11 години, но за нив е добро што ќе имаат шанса да играат квалификации за пласман во Лигата на шампионите.

На четири кола до крајот на првенството, имаат 8 бода предност пред Рапид и речиси сигурно ќе бидат втори.

Денеска и реми ќе им заврши работа, но мечот има карактер на ревијален, па ќе типуваме на голови.

Предлог тип: 3+ (1.85) Супер тип на Sport Life

 

3003 Болоња – Интер (Серија А, Италија, 20.15 часот)

Интер има едноставна пресметка и мора да ги добие сите пет меча до крајот на италијанското првенство за да ја одбрани титулата.

Нераѕурите имаат убава серија од 11 меча без пораз и иако моментно се на второто место во Серија А, тие се топ-фаворити за Скудетото.

Милан има бега за два бода, но има одиграно меч повеќе, па Интер самиот си ја крои судбината.

Сепак, шампионот мора да внимава и само еден кикс може да значи збогум за амбициите да се одбрани титулата.

Милан има подобар меѓусебен скор сезонава, па во случај на еднаков број на бодови, на крајот би бил шампион.

Болоња знае често да го изненади Интер, но има серија од три порази по ред во меѓусебните дуели и прими дури 10 гола.

Лани во Милано загубија со 6:1, сега можеби и нема да биде толку убедливо, но Интер пак ќе слави победа.  

Предлог тип: 2 (1.40)  

 

6002 Ливерпул – Вилјареал (Лига на шампиони, 21 часот)

Ливерпул реално и се очекуваше да игра во полуфинале во Лигата на шампионите како еден од најсилните состави во Европа, но Вилјареал е изненадување.

Жолтата подморница ги потона фаворизираните Аталанта, Јувентус и Баерн на патот до второто полуфинале во клупската историја во Лигата на шампионите и е вистински хит.

Проблем ќе ѝ биде што игра против Ливерпул, тим што изгледа многу моќно и има серија од 10 меча без пораз.

Избраниците на Јирген Клоп изгледаат непобедливо и на Унаи Емери ќе му биде многу тешко да најде тактика како да се сопрат Салах, Мане, Дијас, Жота… и да се пробие одбранбениот ѕид на англискиот тим, кој е еден од најдобрите дефанзивни системи во Европа.

Вилјареал има само еден европски трофеј, го освои лани со победа во финалето на Лигата на Европа против Манчестер јунајтед и е далеку од реномето на Ливерпул, клуб со шест европски круни, 19 титули англиски првак и уште многу пехари.

Шпанците, сепак, имаат искусен тим што може да му парира на Ливерпул, па ќе типуваме дека англискиот тим ќе победи на првиот меч, но предноста ќе ја направи со гол(ови) во второто полувреме.

Предлог тип: Х-1 (3.90)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести