Ливерпул славеше со 3-1 на гостувањето кај Тотенхем и потсети кој е актуелен англиски првак. Црвените пред овој меч, цел месец немаа дадено гол во Премиер лигата, па затоа многу им олесна кога Роберто Фирмино погоди за 1-0 во судиското продолжение од првото полувреме.
Иако 486 минути немаа гол, овојпат дадоа три само за 22 минути, користејќи ја збунетоста на Тотенхем кој на стартот на второто полувреме мораше да ја напушти играта.
Фирмино дава гол на пет од последните шест меча против Спарс и му помогна на Ливерпул да дојде до јубилеј од 800 гостински гола за клубот во Премиер лигата. Исто толку голови има и Челзи.
Голот за Тотенхем го даде Хојберг, негов прв за клубот од Лондон.
Со оваа победа, Ливерпул дојде на четири бода зад лидерот Манчестер сити, но Граѓаните имаат и еден натпревар помалку.