Столе и Рајо Валјекано не губат од фаворитите во Шпанија, на „Валјекас“ нема да мине и гостинот од Сан Себастијан

1003 Ливерпул – Челзи (Премиер лига, Англија, 13.30)

Малкумина очекуваа Ливерпул да биде деветопласиран во англиското првенство по 18 одиграни натпревари, а Челзи една позиција под него со 19 одиграни мечеви.

Тоа покажува дека и двата гиганти, кои се повеќекратни англиски и европски прваци досега имаат промашена сезона, па сега секоја победа во вакво дерби вреди многу повеќе од бодовите.

Лигата на шампионите е далеку и Њукасл кој моментно го има последниот билет за ЛШ им бега на Ливерпул и на Челзи по 10 бода, а проблем е што пред нив има уште четири екипи.

Ливерпул е фаворит денеска, има 84 победи во меѓусебните дуели со Челзи, екипа што се радуваше на цел плен 65 пати.

Најмалку од вкупно 192 натпревари завршија нерешено, исход што беше на дербито во 43 случаи.

И денеска е тешко да се типува на конечен исход, па ние ќе одиграме на голови.

Предлог тип: 1+I&1+II (1.53)

 

1302 Рајо Валјекано – Реал Сосиедад (Ла Лига, Шпанија, 14 часот)

И двете екипи имаат одлична сезона, а се наоѓаат во многу добра форма, па се очекува спектакуларен меч на „Валјекас“.

Столе Димитриевски и неговиот Рајо Валјекано се тврд орев сезонава за сите и посебно за фаворитите, а денеска во таа улога ќе биде гостинот од Сан Себастијан.

Реал Сосиедад е непоразен на 9 официјални натпревари по ред и е во игра за титулата во Шпанија.

Едно од тешките гостување и ривали во Ла Лига што треба успешно да се минат е токму Рајо Валјекано.

Претходно сезонава тоа не им успеа на двете првопласирани екипи Барса и Реал, потоа и на Атлетико Мадрид, Валенсија и Севилја, а типуваме дека нема да пројде ниту третопласираниот Реал Сосиедад.

Ремито е реален исход според нас, а како поткрепа е традицијата која вели дека без победник завршија четири од последните 5 меѓусебни дуели, односно 5 од 7.

Предлог тип: Х (3.00)

 

1602 Ајнтрахт Франкфурт – Шалке 04 (Германија, Бундслига, 15.30)

Шалке 04 игра лоша сезона, а имаше и неверојатен циклус од 6 пријателски натпревари зимава и на ниту еден не победи.

Тоа е лош знак за продолжението на Бундеслигата. Тимот од Гелзенкирхен грчевито се бори за опстанок и е последен со само 9 бода.

Шалке 04 е единствен тим во германското првенство со едноцифрен број на бодови, а до зоната за спас моментно му фалат пет бода.

Пред гостувањето во Франфурт кај одличниот Ајнтрахт, гостите немаат многу причини за оптимизам.

Имаат дури шестмина повредени фудбалери што нема да играат, и уште четворица што се неизвесни.

Ајнтрахт е во полн состав и со победа има шанса да го прескокне третопласираниот Лајпциг, па дури и да се израмни со бројот на бодови, 30, со Фрајбург.

Предлог тип: 1 (1.48) Супер тип на Sport Life

 

1006 Лестер – Брајтон (Премиер лига, Англија, 16.00)

Лисиците имаат одличен тим, но и многу проблеми со повредени играчи и сезоната им се претвори во кошмар и битка за опстанок.

Лестер е во групата со уште два тима кои имаат најмногу порази во првенството, точно по 12.

Само Борнмут, Нотингем форест и Саутемптон имаат примени повеќе голови во 19 кола од Лестер, а денеска им гостува тим што е хит во Премиер лигата.

Брајтон е разигран, одличен и со прекрасна тимска игра и неколку поединци што изненадија со квалитет, па очекуваме многу голови на „Кинг Пауер“ и тоа во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ&3+(2.17)

 

3002 Салернитана – Наполи (Серија А, Италија, 18 часот)

Салернитана се обидува да се консолидира по дебаклот во Бергамо и поразот од 8:2 од Аталанта, но Наполи и не е баш ривал за такво нешто.

Особено што проблемите во Салерно се мултиплицираа со отказот за тренерот Давиде Никола и со повредите на дел од играчите.

Ова е локално дерби, а во моментов Наполи е барем за две класи подобар од ривалот и победата на лидерот не би требало да дојде во прашање.

Наполи е разигран, Салернитана е се уште во нокаут, а двојката е мала за типување, па се чини дека добра опција е да се одигра 2+ во првото полувреме.

Предлог тип: 2+ прво полувреме (2.30)

 

- Оглас -

Најнови вести