1010 Ливерпул – Вулверхемптон (15 ч.)
Нема дилема дека Ливерпул уште од самиот старт ќе тргне офанзивно. Вулверхемптон сезонава ќе се бори за опстанок. На последните четири меѓусебни дуели, Ливерпул победува и постигнува најмалку по два гола.
Вулверхемптон на „Енфилд роуд“ доаѓа со зголемена самодоверба и две победи, една во купот и една во првенството без примен гол. Сеапк, се знае кој е фаворит за победа на овој дуел.
Предлог тип: 1-1&3+ (2.10)
3008 Парма – Рома (18 ч.)
Парма е во лоша серија од шест меча без победа во првенството (четири порази и две реми), па не случајно тимот падна во зоната за испаѓање. Рома има пеколно темпо со настапите и во Лигата на Европа, но Волчицата нема пораз во Серија А на последните пет средби.
Со 44 примени голови Парма ја има убедливо најслабата одбрана во лигата, што може да биде најава за дуел со повеќе погодоци.
Предлог тип: Х2&2-4 (1.97)
1808 Ајнтрахт Франкфурт – Кил (17:30 ч.)
Домаќинот е тим кој е веднаш зад водечкото дуо на табелата, а против себе сега го има најслабиот ривал во Бундеслигата. Кил им апримено дури 54 голови во 21 меч, а на гостински терен сезонава има дури седум порази и само три нерешени во 10 средби.
Ајнтрахт игра офанзивно и во просек постигнува над два погодоци на меч. Есеноста поеди на гости кај Кил со 4:2.
Предлог тип: 2+I&4+ (2.40)
1309 Бетис – Реал Сосиедад (21 ч.)
Реал Сосиедад е една од екипите кои игра најдефанзивен фудбал. Дава малку голови, но и малку прима. Иако Бетис е пет позиции подоле од денешниот ривал, сепак се работи за само два бода, што значи дека ова се израмнети екипи.
Неверојатно делува традицијата која вели дека на последните девет меча било „НГ“, односно барем една од двете екипи да не постигне гол. На последните седум средби немало повеќе од два гола.
Предлог тип: НГ (1.76)
1637 Ајакс – Херенвен (16:45 ч.)
Ајакс блеска и има шест победи по ред во првенството, па затоа сега гигантот од Амстердам изби во преден план за освојување на титулата. Во добра форма е и Херенвен кој има осум дуели без пораз, но кога игра против Ајакс, тимот од Амстердам има четири победи во низа. Во тие четири победи Ајакс постигна дури 15 голови, а прими шест голови.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.68)