Бенфика и Ливерпул имаат богата историја на меѓусебни дуели во европските купови, а добрата вест за Црвените од Градот на Битлси е дека тие секогаш (трипати) кога успевале да ја елиминираат Бенфика, стигнувале до финалето.
Во 1977, во четвртфиналето Ливерпул беше подобар од лисабонските Орли и на крајот на таа сезона стана европски шампион.
Шест години подоцна, пак Ливерпул на патот до титулата ја елиминираше Бенфика, а во 1985 година исто така Ливерпул ги запре Португалците, но во финалето на „Хејсел“ загуби од Јувентус.
Бенфика делумно се одмазди во 2006, кога го елиминираше тогашниот актуелен првак Ливерпул.
Ливерпул е голем фаворит, а и традицијата го фаворизира, па ако ја прескокне Бенфика, би можел да дојде и до финалето, откако претходно ќе треба да добие и полуфинале против Баерн или Вилјареал.