6.8 C
Skopje
петок, 12 декември 2025

Ливерпул без Коди Гакпо во наредните неколку недели

Напаѓачот на Ливерпул, Коди Гакпо, ќе отсуствува од терените во следните неколку недели. Ова го откри менаџерот на тимот Арне Слот на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар со Брајтон. Холанѓанецот има проблем со мускулот, кој ќе го држи надвор од терените одреден период.


Слична е ситуацијата и со Уатару Ендо, чиј проблем, сепак, е во глуждот.

Добрата вест за Арне Слот е враќањето на Федерико Киеза, кој го пропушти гостувањето кај Интер во Лигата на шампионите во текот на неделата.

„Федерико веќе не е болен. Тој тренираше со нас вчера и денес, така што ќе се врати во составот за утрешниот меч. За Ендо и Гакпо ќе бидат потребни неколку недели. Коди има мускулна повреда, додека проблемот на Уата е во глуждот“, рече Слот.

Тој додаде дека медицинскиот тим на Црвените ќе продолжи да го следи и здравјето на напаѓачот Александер Исак, кој доби удар за време на натпреварот со Интер во вторник.

- Оглас -

Најнови вести