Ливерпул буквално е незапирлив за премиерлигашите

Вирџил Ван Дајк и Мохамед Салах погодија за победа на Ливерпул од 2-0 против Манчестер јунајтед во англиското дерби. Ливерпул само ја зголеми предноста на табелата, продолжи да ја уништува конкуренцијата, а со победава му врати на Јунајтед кој го запре на 1-1 во првиот нивен меч и тоа се единствените два пропуштени бодови за Црвените.

Уште на полувреме се знаеше дека нема ништо од кикс, Ливерпул дома има серија од 103 меча на кои кога водел на полувреме, не загубил на крај. Последен тим кој направил пресврт против Ливерпул на „Енфилд“ бил Арсенал во декември 2009 година. Ливерпул на сите мечеви сеознава дава гол.

Мохамед Салах првпат во кариерата даде гол против Црвените ѓаволи, и сега на листата на тимови против кои играл, а не погодил му е само Свонси.

- Оглас -

Најнови вести