Ливерпул повторно ги разочара своите навивачи откако одигра само 3:3 против Брајтон на „Енфилд роуд“. Мечот беше со многу пресврти, а на крајот двата тима освоија по еден бод.
Леандро Тросар е херојот на Брајтон. Белгискиот интернационалец постигна хет-трик и тој е прв гостински фудбалер со барем три погодоци на „Енфилд роуд“, прв по Андреј Аршавин кој во 2009 година ги постигна сите четири погодоци за Арсенач во ремито 4:4.
3 – Leandro Trossard has become just the third opposing player to score a Premier League hat-trick at Anfield, after Peter Ndlovu and Andrey Arshavin. Trio. pic.twitter.com/XwbZTE1tro
— OptaJoe (@OptaJoe) October 1, 2022
Тросар погодуваше во 4 и 18 минута за 2:0 за гостите, но Ливерпул не се предаде. Фирмино со два гола израмни на 2:2, а потоа Вебстер си постигна автогол, па Ливерпул поведе со 3:2. Сепак, тоа не беше доволно за фаворитот да се радува затоа што Тросар со третиот погодок на мечот, во 83 минута израмни на 3:3.
Ливерпул остана само на две победи по првите седум меча во Премиер лигата и е далеку од врвот на табелата.
Челзи со гол во 90 минута стигна до победа на гости кај Кристал Палас со 2:1, а со ист резултат на гости се радуваше и Евертон против Саутемптон. Њукасл убедливо со 4:1 победи кај Фулам, а Борнмут и Брентфорд одиграа без погодоци.