31.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Ливерпул денеска возеше на јапонски погон за четвртфинале во ФА купот (Видео)

Јапонскиот репрезентативец Такуми Минамино со два гола во првото полувреме му донесе пласман на Ливерпул во четвртфиналето на ФА купот во Англија по триумфот со 2:1 против Норвич.

Резервата на Ливерпул покажа дека има квалитет, а одлично одигра и вториот резервен фудбалер, Дивок Ориги, кој му асистираше на Минамино за првиот гол во 27-мата минута.

Јапонецот повторно погоди во 39-тата минута, но Ливерпул имаше доста мака со Норвич.

Гостите намалија на 2:1 со погодокот на Руп во второто полувреме, а потоа имаа стоотстотна шанса и за израмнување и продолженија, но Алисон Бекер го одбрани ударот на Роу.

 

- Оглас -

Најнови вести