Ливерпул доби сериозна конкуренција, Манчестер јунајтед нуди повеќе пари за Енцо Фернандес

Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед, се влучи во трката по потписот со најдобриот млад играч на штотуку завршеното Светско првенство, Аргентинецот Енцо Фернандес кој настапува за Бенфика.

Не само што се вклучи, Јунајтед планира да ја победи конкуренцијата и тоа со „најтешка“ понуда, која според португалскиот новинар Бруно Андраде, изнесува 120 милиони евра.

До појавувањето на Јунајтед, фаворит во трката за потпис со Фернандес беше друг премиерлигаш, Ливерпул кој подготви понуда од 100 милиони евра.

Енцо Фернандес во Бенфика пристигна изминатото лето од Ривер Плата за 12 милиони евра, и по само една полусезона јасно е дека португалскиот тим добро ќе заработи на Аргентинецот.

Цената на Фернандес дополнително му скокна со одличните настапи на Светското првенство во Катар, каде Гаучосите ја освоија титулата, а тој беше прогласен за најдобар млад играч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести