Ливерпул доби три понуди од Саудиска Арабија за своите ѕвезди

Ливерпул под водство на Арне Слот изгледа навистина импресивно и заслужено стигна до титулата шампион на Англија оваа сезона.

Во елитното европско натпреварување Лигата на шампионите беа елиминирани во осминафиналето откако ПСЖ ги исфрли по изведувањето на пеналите.

Сепак, ова е многу добра сезона за Црвените, но нема време за одмор, подготовките за следната сезона веќе започнуваат.

Што се однесува до засилувањата, Жереми Фримпонг веќе е нов член на клубот и се чека само официјална потврда од клубот, блиску до преселба на „Енфилд“ е и унгарскиот репрезентативец Милош Керкез, кој игра на позицијата лев бек.

Но, Ливерпул е подготвен и за продажба на некои фудбалери ова лето. Според „Скај Германија“, клубови од Саудиска Арабија се заинтересирани дури за три ѕвезди на Ливерпул, Дарвин Нуњес, Диого Жота и Луис Дијаз.

Нуњес често беше критикуван, особено поради неговата неефикасност и бројните промашувања. Жота е многу квалитетен играч, но Арне Слот моментално повеќе му верува на својот сонародник Коди Гакпо, кому му дава повеќе минути на теренот. Што се однесува до Луис Дијаз, неговото заминување од „Енфилд“ одамна е во игра, а најмногу се поврзуваше со трансфер во Барселона.

Ливерпул без сомнеж би инкасирал значителна сума доколку ги продаде овие тројца играчи бидејќи е познато колку многу трошат клубовите од Саудиска Арабија. Тоа би му отворило дополнителен простор на Арне Слот за нови засилувања на трансфер-пазарот.

- Оглас -

Најнови вести