Ливерпул дојде до израмнување а погоди играч кој што сите го заборавија (ВИДЕО)

Саутемптон и Ливерпул играат 1:1 по првите 45 минути, а со ваков резултат, иако нема да биде потврден како шампион, најрадосен ќе биде Манчестер сити.

Нетан Редмонд во 13-та минута му донесе водство на Сотон, додека голот за гостите од „Енфилд“ го постигна Такуми Минамино и тоа во 27-та минута.

Ако се споредат настапите со сите првотимци кои што имаат најмалку десет одиграни натпревари за првиот тим на „црвените“, тогаш Минамино има убедливо најслаб учинок сезонава бидејќи ова за него беше само трет гол. Но вреди да се напомене дека Јапонецот е прв пат во стартната постава за Ливерпул од декември, 2020 година.

Додека, минатата сезона ја мина токму како позајмен играч на Саутемптон, а поради тоа не го прослави својот погодок.

- Оглас -

Најнови вести