24.8 C
Skopje
вторник, 5 август 2025

Ливерпул дома нема да победи, Раџа Казабланка ќе се обиде четврти пат по ред да победи со ист резултат

1279 УЦ Даблин – Слајго роверс (20:45 ч.)

Даблин е убедливо најслабиот тим во првенството на Ирска сезонава и досега освои само шест бода во 20 кола (има девет порази и едно реми во последните 10 кола). Ниту Слајго роверс не е многу сјаен, но сигурно дека ова е гостување на кое ќе бара освојување бодови.

Слајго ги добил последните три меча со овој ривал, а интересно е дека на последните 11 меѓусебни дуели, секогаш имало барем по два гола.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.93)

 

2830 Хафнарфјордур – Фрам (21:15 ч.)

Хафнарфјордур е тимот со најдобар биланс сезонава и има четири победи и едно реми во пет дуели. Од друга страна, Фрам е убедливо најслабиот гостин само со еден освоен бод во пет гостувања.

На шест од последните девет меѓусебни дуели имало барем четири гола, што значи дека треба да се очекуваат погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (1.62)

 

5654 Раџа Казабланка – Дифа Ел Џадиди (21 ч.)

Очајна е сезоната за Раџа Казабланка во првенството на Мароко, но ова е меч кој мора да го добие против најслабиот тим во лигата. Раџа Казабланка дома има осум победи, пет ремија и само еден пораз, па Дифа Ел Џадиди нема што да бара на ова гостување.

На три од последните четири меѓусебни дуели, Раџа Казабланка победувала со 2:0, а и сега е убава квотата за точен резултат и да продолжи оваа традиција.

Предлог тип: 2:0 точен резултат (6.25)

 

4651 Ливерпул Монтевидео – Национал (20 ч.)

Гостите се фаворити за победа на овој меч, а тоа го потврдува и традицијата затоа што Национал се радувал на четири од последните пет дуели со овој ривал. На шест од последните осум меча на Ливерпул, се играло ГГ3+, а и Национал игра офанзивно, но и прима голови.

Предлог тип: Х2&2-4 (1.77)

 

2511 Старт – Јавр (19 ч.)

Во Норвешка се игра отворен фудбал без многу калкулации, а главен пример дека е така е тимот на Старт. Во досега одиграни 12 кола, гол-разликата на овој тим е 26 дадени и 21 примен гол, односно просек од четири погодоци на меч.

Токму така се очекува да биде и денеска во дуелот со Јавр и гледачите да видат многу погодоци, што потврдува и традицијата која вели дека на четири од последните пет меѓусебни дуели завршувале барем со пет погодоци.

Предлог тип: 2+I & 4+ (2.95)

- Оглас -

Најнови вести