41.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Ливерпул дополнително му избега на Манчестер јунајтед

Ливерпул синоќа за прв пат во историјата станаа и светски клупски првак. Англискиот гигант никогаш претходно во своите витрини го немал трофејот за најдобар тим на планетата, а благодарение на победата над Фламенго, го освои трофејот кој му недостасуваше.

За Ливерпул ова беше четврти обид да стигне до светскиот трон, а прв пат му успеа и тоа благодарение на голот на Фирмино во 99 минута. Ливерпул нема титула во англиското првенство веќе три децении, но и покрај тоа го има приматот на најдобар клуб во Англија.

За гигантот од „Енфилд роуд“ ова е 47-ми голем трофеј и сега има два повеќе од најголемиот ривал Манчестер јунајтед.

https://twitter.com/SkySportsStatto/status/1208479010394648576

Ливерпул сега може да се пофали со „трипла“, односно титула во Лигата на шампиони, Суперкупот на Европа и Светската титула. Сепак, главниот фокус за оваа сезона е трофејот во Премиер лигата за кој мечтаат веќе 30 години. Ливерпул е убедлив лидер на табелата и само чудо може да го спречи да не стане англиски првак.

https://twitter.com/Coral/status/1208478815317643265

 

- Оглас -

Најнови вести