Ливерпул слушна одлична вест и веќе може да почне да слави

Ливерпул е многу блиску до првата титула во англиското првенство по пауза од 30 години. Гигантот од „Енфилд роуд“ имаше фантастична сезона и можеше да постави рекорд, па уште во март да се радува на шампионскиот пехар, кој го чекаат три децении.

Сепак, пандемијата со смртоносниот вирус го сопре Ливерпул во соборување на рекордот. Не само што Ливерпул не е тимот што најрано станал првак, туку повеќе од еден месец дилема е дали шампионатот ќе се продолжи и дали тимот на Јирген Клоп ќе успее да стигне до трофејот или сепак ќе се прогласи нерегуларна сезона.

По многу неизвесност, според пишувањата во англиските медиуми, Ливерпул веќе може да почне да слави титула, затоа што одлуката ќе биде Премиер лигата да се доигра. До крајот на првенството остануваат уште вкупно 92 меча, а на Ливерпул му е доволно да забележи уште барем две победи за да биде и теоретски првак.

Првенството во Англија е прекинато на 13 март, но веќе е јасно дека на крајот од мај или почетокот на јуни, повторно ќе има фудбалски возбудувања во една од најатрактивните лиги во светот.

- Оглас -

Најнови вести