Најголемото англиско дерби е „ѕвезда“ на 14-тото коло на Спортска прогноза, бесплатна наградна игра која ја организираат Sport Life и Спорт Манија, и прогнозерите немаат апсолутно никаква доверба во тимот кој има најмногу титули во Премиер лигата.
В недела на „Енфилд“, Ливерпул ќе го пречека Манчестер јунајтед и е апсолутен фаворит за триумф според прогнозерите.
Манчестер јунајтед игра лошо сезонава, веќе ги заврши настапите во Лигата на шампионите, столчето сериозно му се тресе на менаџерот Ерик тен Хаг, лошата атмосфера во соблекувалата, повредите, а згора на тоа навивачите и фудбалерите сè уште имаат кошмари од ланското гостување на „Енфилд“, кога загубија со 7:0, што е најголем пораз во историјата на Црвените ѓаволи.
Сиве овие фактори влијаеја на 82,39 отсто од прогнозерите да се одлучат за победа на Ливерпул. Само 9,88 отсто сметаат дека нема да има победник в недела, додека 7,74 отсто од прогнозерите се убедени дека Јунајтед ќе направи изненадување.
Прогнозерите имаат свои фаворити и на останатите мечеви од петте најсилни европски лиги кои се дел од 14-тото коло на Спортска прогноза.
Голема доверба имаат во победите на Лече над Фросиноне (80,74 отсто), на Волфсбург над Дармштад (78,68 отсто), на Нант над Брест (79,51 отсто), на Вест хем над Вулверхамптон (81,88 отсто).
Со свои прогнози може да се приклучите до сабота, до 15 часот, кога почнува првиот меч од основната понуда, па процентите може и да се сменат.
Играта е бесплатна во организација на Спорт Манија и Sport Life и нуди убави подароци за најдобрите прогнозери.
За погодена Тринаесетка ви следува одлична премија, а најдоброто е што сами си одбирате меѓу три понудени варијанти:
Смарт ТВ самсунг 55” 4K
Xiaomi електричен тротинет
Сони плејстејшн 5
Во играта што е многу едноставна и е без трошоци за учесниците, се наградуваат и утките. За една утка, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 меча ви следува ваучер од 500 денари.