1010 Лестер – Ливерпул (21:00)
Екипата на Ливерпул сè уште се надева дека може да стигне до четвртата позиција и пласман во Лигата на шампионите. За да останат во игра, потребна им е победа против Лестер, кој грчевито се бори за опстанок во Премиер лигата. Домашната екипа на последните пет натпревари и постигнуваше погодок, но и примаше, односно натпреварите завршуваа гол-гол. Воедно и нивниот меѓусебен дуел на „Енфилд роуд“ во есенскиот дел од сезоната заврши гол-гол, односно 2-1 за Ливерпул.
Предлог тип: 2 & ГГ (2.75)
1310 Бетис – Рајо Ваљекано (21:00)
Екипата на Бетис веќе си го има обезбедено излезот на европска сцена за следната сезона, но Рајо Ваљекано се обидува да го направи истото, односно да обезбеди пласман барем во Конференциската лига. Единаесет од 15 последни натпревари помеѓу овие две екипи завршиле гол-гол, додека на последните шест натпревари на коишто настапил Рајо Ваљекано биле постигнати најмалку по три погодоци.
Предлог тип: ГГ3+ (2.45)
1321 Леванте – Ибица (21:00)
Екипата на Леванте е апсолутен фаворит на дуелот против веќе испаднатата Ибица. Поранешниот клуб на Енис Барди е на добар пат да се врати во Примера и затоа вечерва нема да се штеди за да забележи победа. Гостите се во серија од пет порази по ред на коишто примија дури 15 погодоци, а постигнаа само два.
Предлог тип: 1 & 3-5 (2.15)
1729 Мартиг – Нанси (18:30)
Дуелот од француската Национална лига, или третото по ранг натпреварување помеѓу Мартиг и Нанси се очекува да донесе големи возбудувања поради големото значење за двете екипи. Дури четири екипи се во рамноправна борба за пласман во повисок ранг, а токму Мартиг е прв поради најдобрата гол-разлика. На спротивната страна, екипата на Нанси води голема борба за опстанок во лигата, но денес за противник ја има најквалитетната екипата во оваа лига.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.55)
2806 Рандерс – Виборг (19:00)
Дуел на екипи коишто играат офанзивен и ефикасен фудбал. Дури 7 од последните 10 меѓусебни дуели на Рандерс и Виборг завршиле со погодоци во двете мрежи и најмалку со три погодоци на натпреварите. Нивниот последен меѓусебен натпревар кој се одигра само пред 15-тина дена заврши со победа на Виборг од 3-1.
Предлог тип: ГГ3+ (2.25)