Ливерпул е машина, на „Енфилд роуд“ победи 24 пати по ред во Премиер лигата

Ливерпул не дозволи изненадување и со 2:0 славеше на „Енфилд роуд“ против Астон вила, во меч од 33-тото коло на Премиер лигата. Новиот англиски првак во првото полувреме делуваше незаинтересирано и беше 0:0, а највозбудливиот момент беше моментот кога камерата го фати Роберто Фирмино како спие на клупата за резерви.

Избраниците на Јирген Клоп решија да го засилат темпото во второто полувреме, па тоа резултираше со погодоци. По една убава акција, Садио Мане погоди за водство од 1:0 во 71 минута, додека триумфот го потврди Куртис Џонс во 90 минута.

Со овој триумф Ливерпул продолжи една неверојатна низа на „Енфилд роуд“. Кога игра на свој терен, гигантот има 24 победи по ред во Премиер лигата, а веќе 57 средби е низата без пораз на Ливерпул дома. Последен пат Ливерпул на „Енфилд роуд“ во првенството загуби на 23 април 2017 година од Кристал Палас со 1:2, што значи дека повеќе од три години шампионот е доминантен домаќин.

 

- Оглас -

Најнови вести