Ливерпул е на чекор од доведување на трет нов играч

Ливерпул веќе има два нови играчи за следната сезона, откако ги договори Фабио Карвалјо од Фулам и Дарвин Нуњес од Бенфика. Овие двајца фудбалери треба да бидат засилување во офанивниот ред од екипата, а сега фокусот е да се најде играч од дефанзивната линија.

Според најавите, на пат кон „Енфилд роуд“ е младиот десен бек од Абердин, Калвин Ремзи. Тоа е 19-годишен десен бек кој треба да биде конкуренција на трент Александер-Арнолд.

Ремзи има одиграно само една сезона во професионалниот фудбал во Шкотска и покажа дека има голем потенцијал. Иако бек, тој имаше дури девет асистенции за погодок, што значи дека неговите центаршутеви се исклучително опасни и корисни за неговите соиграчи во нападот.

 

- Оглас -

Најнови вести