Три големи клуба од Премиер лигата, Ливерпул, Манчестер сити и Манчестер јунајтед, веќе започнале разговори со претставниците на левиот бек на Борнмут, Милош Керкез. Според медиумите, лидерот во Премиер лигата има предност пред конкурентите бидејќи самиот фудбалер изразил желба да игра на „Енфилд“.
Се претпоставува дека Борнмут ќе бара околу 50 милиони фунти за 21-годишниот Унгарец, кој е еден од најдобрите странични фудбалери во лигата оваа сезона. Првиот лев бек на Ливерпул, Енди Робертсон, моментно е надвор од форма и е еден од најкритикуваните играчи на тимот, што го прави ваквиот трансфер повеќе од логичен за Црвените.
Во исто време, во Италија се шпекулира дека Ливерпул води преговори и за левиот бек на Лече, Патрик Доргу. Според информациите, Ливерпул подготвил понуда од околу 40 милиони евра за 20-годишниот Данец.