Дербито на 30-тото коло во Премиер лигата помеѓу Манчестер сити и Арсенал заврши без голови и од овој резултат најзадоволни се навивачите и фудбалерите на Ливерпул.
Сега Ливерпул е сам на лидерската позиција со 67 бода, Арсенал кој во ова коло влезе како колидер на табелата, сега е втор со 65 бода, додека Манчестер сити има 64 бода.
Целиот меч помина во тактичко надмудрување меѓу двајцата менаџери, Хосеп Гвардиола од едната страна и Микел Артета од другата страна, но на крајот мрежите мируваат.
Од офанзивниот старт на натпреварот на Граѓаните се изроди една шанса, но шутот со глава на на Аке во 15-тата минута, голманот Раја го одбрани.
Арсенал во првото полувреме се закани преку Габриел Жесус, но неговиот шут беше запрен од дефанзивците на Сити.
Во второто полувреме, одбраните беа на висина на задачата, немаше сигурна шанса за гол по што двата тима мораа да се задоволат со по еден бод.