3.8 C
Skopje
среда, 12 ноември 2025

Ливерпул е подготвен да плати 100 милиони евра за Алесандро Бастони

Ливерпул минатото лето потроши рекордни 481 милион евра за нови засилувања, но стартот на сезоната не им беше како што очекуваа.

Актуелниот англиски шампион заостанува осум бода зад Арсенал по 11 одиграни кола, а на табелата пред нив се уште шест клуба. Екипата на Арне Слот прими дури 17 гола во домашното првенство.

Ова го активираше „црвениот аларм“ на „Енфилд“, па клубот сега планира да го реши проблемот со ново засилување.

Според „Мундо депортиво“, Ливерпул го насочил вниманието кон стоперот на Интер, Алесандро Бастони, и е подготвен да инвестира голема сума за негово доведување уште во јануарскиот преоден рок.

Очекувањата се дека за Бастони ќе пристигне понуда од 100 милиони евра, што е астрономска сума и ќе биде тешко за Интер да ја одбие, иако тој е клучен играч за тимот од Милано.

Арне Слот сака италијанскиот репрезентативец да се приклучи на тимот уште од почетокот на новата 2026 година.

Бастони има 26 години и е производ на академијата на Аталанта. За Интер потпиша во летото 2017 година за 31 милион евра, по што една сезона ја помина на позајмица во Бергамо, а следната сезона беше пратен на позајмица во Парма, каде што одигра одлично и се врати во првиот тим на Интер.

Оваа сезона на 17 натпревари постигна два гола и четири асистенции.

- Оглас -

Најнови вести