Ливерпул игра одлично во Премиер лигата и само чудо може да ги спречи да го освојат трофејот, но во Лигата на шампионите доживеаја болна елиминација од ПСЖ. Планот на раководството е налето да се засилат во дефанзивата и офанзивата, но нема да биде на одмет и добар фудбалер од средниот ред.
Изборот падна на Морган Гибс-Вајт од екипата на Нотингем форест, а „шумарите“ се подготвени да го пуштат во екипа која ќе плати 80 милиони евра. „Црвените“ се подготвени да платат 80 милиони евра, а интерес имаше и од Манчестер сити и Тотенхем, но овие екипи се откажаа кога ја слушнаа цената.
Сепак, спорни се изјавите на Гибс-Вајт, кој е навивач на Манчестер јунајтед, лутиот ривал на Ливерпул. Тој не го крие тоа и постојано го изјавува во медиумите, а идоли му се легендите на „црвените ѓаволи“, Вејн Руни и Пол Сколс.