Ливерпул е подготвен да плати 90 милиони евра за фудбалер на Реал, но тој не сака да си замине од „Сантијаго Бернабеу“

Раководството на Ливерпул е подготвено да плати 90 милиони евра за трансферот на Федерико Валверде од Реал Мадрид. Јирген Клоп во репрезентативецот на Уругвај гледа како на добра опција за средниот ред.

Реал Мадрид веќе го ангажира Џуд Белингам од Борусија Дортмунд и сега ќе мора да продаде еден фудбалер од средниот ред за да го запази финансискиот ферплеј и да ослободи место за платите на новите фудбалери. Валверде е најблиску да биде продаден, но во моментов проблем претставува ставот на фудбалерот, кој не сака да си замине од „Сантијаго Бернабеу“.

- Оглас -

Најнови вести