Ливерпул е пред Манчестер сити, но зад Баерн Минхен во трката по Флоријан Вирц

Флоријан Вирц ќе го напушти Баер Леверкузен, но не е познато каде ќе ја продолжи кариерата. Фармацевтите бараат 100 милиони евра за неговите услуги од екипите кои се надвор од Германија, но и дополнителни 50 милиони евра од домашната конкуренција.

Баерн Минхен и Манчестер сити се споменуваа како најсериозни опции, но сега во трката по неговиот потпис се вклучи и Ливерпул. Како што пренесуваат германските медиуми, Црвените се поголеми фаворити од Граѓаните, но сè уште се зад Баерн Минхен. Токму баварскиот гигант е фаворит и за самиот фудбалер, но проблем е високото обесштетување кое го бара Баер Леверкузен од германските клубови.

 

- Оглас -

Најнови вести