Ливерпул без поголеми проблеми го победи Манчестер сити со 2-0 во дербито на Премиер лигата кое потврди дека Црвените во моментов се светлосни години пред ривалот со кој последните неколку сезони се борат за титулата. И првиот нивен меѓусебен дуел сезонава на 1-ви декември, заврши со истиот резултат.
Во моментов, Ливерпул има дури 20 бодови повеќе од Сити, најголема разлика помеѓу нив откако на чело на клубот од Манчестер е шеикот Мансур. За Ливерпул ова е прва лигашка победа на стадионот „Етихад“ во ерата на менаџерот Пеп Гвардиола.
Мохамед Салах пак беше незадржлив, имаше гол и асистенција, па сега е на 25 гола и 11 асистенции сезонава. Тој има 9 гола и 6 асистенции на мечевите против тимови кои ги водел Гвадриола.
⚽️ GOAL: Szoboszlai
🏴 Manchester City 0-2 Liverpoolpic.twitter.com/1ySGRKXs35— Goals Xtra (@GoalsXtra) February 23, 2025