Ливерпул е прв шампион на Англија што примил седум гола на еден меч во последните 67 години!

Ливерпул ќе го памти гостувањтето кај Астон вила, и тоа по многу лошо. Актуелниот првак на Англија беше понижен и загуби со 7:2 на „Вила парк“, во меч на кој пред почетокот беше голем фаворит. Четири гола во првото полувреме и уште три во вториот дел даде Астон вила за магична ноќ за домаќините, а кошмарна за фановите на гостите.

Многу негативни рекорди постави Ливерпул со овој срамен пораз. Тоа е првиот шампион во Англија по Арсенал во 1953 година што примил седум гола на еден меч.

Ливерпул немаше примено седум погодоци на еден меч од април 1963 година, кога загуби од Тотенхем со 7:2.

- Оглас -

Најнови вести