Со убедливите 3-0 на гостувањето кај Барнли, Ливерпул стигна до четвртото место на табелата во Премиер лигата со 66 бода, исто колку што има и Лестер, но подобрата гол-разлика на Црвените им оди во полза за пласман во Лигата на шампионите.
Фирмино пред паузата донесе важно водство за Ливерпул, по што Филипс во 52-рата минута ја најави можеби најважната победа за тимот на Јирген Клоп за оваа сезона. Кога сè беше јасно, Окслејд-Чембрлен го постави конечниот резултат во последната минута од регуларните 90.
https://twitter.com/PcrTop/status/1395108658808299524
Вест хем во меѓувреме исто така оствари важна победа на гости кај ВБА со 3-1, со која го задржа шестото место, па доколку Чеканите во последното коло не загубат од Саутхемптон, ќе се пласираат во Лигата на Европа.