31.8 C
Skopje
вторник, 2 септември 2025

Ливерпул ова лето ги направи трите најголеми трансфери

Летниот преоден рок во најсилните европски лиги заврши во понеделникот навечер, а бројката на „големи“ трансфери беше импресивна – дури 25 зделки вредеа 50 милиони евра или повеќе. Најскапиот потег беше заминувањето на Александер Исак од Њукасл во Ливерпул за рекордни 144 милиони евра.

Актуелниот англиски шампион, Ливерпул, ги склучи и трите највредни трансфери ова лето. Покрај Исак, Црвените го доведоа и Флоријан Вирц од Баер Леверкузен за 125 милиони евра, како и Уго Екитике од Ајнтрахт за 95 милиони евра.

Топ петте најскапи трансфери ги заокружуваат Ник Волтемаде, кој од Штутгарт се пресели во Њукасл за 85 милиони евра, и Бењамин Шешко, кој премина од Лајпциг во Манчестер јунајтед за 76,5 милиони евра.

Топ 10 најскапи трансфери ова лето

Александер Исак (Њукасл → Ливерпул) – 144 милиони €

Флоријан Вирц (Баер Леверкузен → Ливерпул) – 125 милиони €

Уго Екитике (Ајнтрахт → Ливерпул) – 95 милиони €

Ник Волтемаде (Штутгарт → Њукасл) – 85 милиони €

Бењамин Шешко (Лајпциг → Манчестер јунајтед) – 76,5 милиони €

Виктор Осимен (Наполи → Галатасарај) – 75 милиони €

Брајан Мбеумо (Брентфорд → Манчестер јунајтед) – 75 милиони €

Матеус Куња (Вулверхемптон → Манчестер јунајтед) – 74,2 милиони €

Мартин Зубименди (Реал Сосиедад → Арсенал) – 70 милиони €

Луис Дијас (Ливерпул → Баерн Минхен) – 70 милиони €

- Оглас -

Најнови вести