Ливерпул ги почна подготовките, на првиот тренинг се појавија само 8 фудбалери

Екипата на Ливерпул официјално ги започна своите подготовки за новата сезона. Во тренинг базата на Црвените се појавија само осум играчи.

Менаџерот Јирген Клоп на располагање ги имаше само Адриан, Тиаго Алкантара, Дарвин Нуњес, Фабињо, Стефан Бајчетиќ, Џо Гомес, Жоел Матип и Натаниел Филипс.

Останалите играчи, кои се репрезентативци на своите земји и за кои сезоната траеше подолго, добија уште три дена одмор, ќе треба се појават на 11-ти јули. На овој датум треба да се приклучат и засилувањата Алексис Мек Алистер и Доминик Собослаи.

Првата контролна средба на Ливерпул ќе биде на 19-ти јули, против германски Карлсруе. Ќе играат и со Гројтер Фирт, Лестер, Баерн Минхен и Дармштад.

- Оглас -

Најнови вести