Ливерпул ги скроти Волците пред најголемото англиско дерби (Видео)

Фудбалерите на Ливерпул го победија Вулверхемптон на својот „Енфилд“ со 2:0 во заостанатиот натпревар од седмото коло во Премиер лигата.

На овој начин, Црвените зад себе го оставија дебаклот од Реал Мадрид (2:5) во ЛШ и ремито без голови со Кристал палас и на најдобар начин го најавија најголемото дерби во англискиот фудбал, дуелот со Манчестер јунајтед.

Ливерпул со новите три бода се проби на шестото место на табелата со 39 бода и ги задржа шансите за пласман во ЛШ следната сезона.

Вулверхемптон остана на 15-тото место со 24 бода, само три повеќе од опасната зона.
Ливерпул головите за триумф ги постигна во второто полувреме, во 73-тата минута преку Вирџил ван Дајк и во 78-мата преку Мохамед Салах.

 

- Оглас -

Најнови вести