10.8 C
Skopje
петок, 7 ноември 2025

Ливерпул ги вклучи Ван Дајк и Гомес во составот за ЛШ

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, реши да ги вметне повредените Вирџил ван Дајк и Џо Гомес во списокот на играчи кои може да конкурираат за дуелите од Лигата на шампионите. Двајцата фудбалери веќе подолго време се отсутни поради тешките повреди кои ги заработија и уште не се знае кога би биле подготвени да се вратат на теренот.

Иако се мали шансите тие да играат сезонава, Клоп одлучи дека за нив двајца треба да има место на листата од 25-мина играчи во елитната лига на УЕФА во случај ако Ливерпул стигне до финалето, па тие да бидат подготвени за игра. На листата на играчи го има и новакот Бен Дејвис, кој до вчера играше во втората англиска лига.

Ливерпул во осминафиналето од Лигата на шампионите игра против германски Лајпциг. Првиот меч ќе го игра на гостински терен на 16 февруари, а потоа е реваншот на „Енфилд роуд“.

Поради многуте повредени играчи, Ливерпул падна и во формата, па во Премиер лигата претрпе неколку неочекувани порази. Сепак, кога се работи за мечевите од ЛШ, англискиот гигант секако е меѓу фаворитите за највисок дострел.

 

- Оглас -

Најнови вести