Ливерпул го чека борба, Клоп е кандидат за иден германски селектор

Германскиот стручњак Јирген Клоп би можело да го наследи Јоаким Лев на клупата на германската репрезентација, најавуваат некои англиски медиуми. Договорот на Клоп со Црвените е до 2024 година, но можеби ќе си замине предвреме доколку добие понуда да го води националниот тим на родната земја.

Клоп има изјавено дека Ливерпул ќе му биде последен клуб во кариерата и дека следен чекор би бил селекторско место во германската репрезентација.

Лев веќе 13 години ја врши функцијата селектор, договорот му е до 2022 година и денот кога ќе си замине, можеби уште в година по Европското првенство, автоматски Клоп ќе стане кандидат број 1 за негов наследник.

Клоп од 2015 година го води Ливерпул и со клубот освои европска и светска титула, а сезонава колекцијата ќе ја комплетира со трофеј од Премиер лигата, кој можеби им е најзначаен бидејќи го чекаат 30 години. Со остварување на сите зацртани цели, 52-годишниот Клоп ќе може мирно и задоволен да си оди од Ливерпул и да си ја исполни желбата да биде селектор.

 

- Оглас -

Најнови вести