Ливерпул го даде за милион евра, а сега сака да го врати за 45 милиони

Ливерпул е лидер во англиската Премиер лига, а тренерот Јирген Клоп уште сега размислува за доведување засилувања во зимскиот преоден рок. Како еден од можните нови играчи се споменува крилниот играч на Милан, Сусо. Тоа е играч кој знае како е да се биде дел од Ливерпул. Сусо како тинејџер бил дел од академијата на Луверпул, а имаше и 21 настап за „црвените“ пред да биде продаден во Милан.

Стручњаците во англискиот тим не го препознале талентот на Сусо и само за еден милион евра тој си замина во Милан во 2015 година. „Росонерите“ беа трпеливи со овој играч, кој сезонава го покажува својот талент. Сусо има четири гола и осум асистенции и е еден од најдобрите во редовите на калчолигашот.

Се шпекулира дека Ливерпул е подготвен да плати и до 45 милиони евра за играчот кој пред три години го даде само за еден милион евра.

 

- Оглас -

Најнови вести